• сабота, 18 мај 2024

Ред Бул не успеа да победи за прв пат во 2023 година, прекинувајќи ја рекордната серија од 15 последователни први места

Ред Бул не успеа да победи за прв пат во 2023 година, прекинувајќи ја рекордната серија од 15 последователни први места

Сингапур, 17 септември 2023 (МИА) – Тимот на Ред Бул не успеа да победи за прв пат во сезоната 2023 во Формула 1 шампионатот.

 

На крајот од Големата награда на Сингапур, најдобриот резултат на тимот го покажа Макс Верстапен, кој заврши на петтото место. Другиот возач на Ред Бул, Серхио Перез, заврши на осмото место.

 

Победничката серија на Ред Бул траеше од Големата награда на Абу Даби, што се одржа во ноември 2022 година. Тимот победи на 15 трки по ред - ова е рекорд во историјата на Формула 1.

 

Следната трка во Ф1 ќе се вози на 24 септември во Јапонија. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан