Редовната седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БИХ ќе се одржи на 15 мај
- Редовната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Босна и Херцеговина ќе се одржи на 15 мај, соопшти Советот за безбедност на ОН.
Њујорк, 2 мај 2024 (МИА) - Редовната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Босна и Херцеговина ќе се одржи на 15 мај, соопшти Советот за безбедност на ОН.
Засега не се објавени дневниот ред и времето на одржување на седницата.
На 30 април на барање на Русија се одржа вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина.
Владата на Република Српска претходно до Советот за безбедност на ОН достави извештај за состојбата во БиХ, со посебен осврт на последиците од евентуалното усвојување на резолуцијата за Сребреница, која беше поднесена до Генералното собрание без согласност од сите три конститутивни народи во БиХ.
Редовни седници на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина се одржуваат двапати годишно. рп/
Фото: МИА архива