• вторник, 16 јули 2024

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Ерусалим, 11 мај 2024 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека е изградена нова теренска болница во централниот дел на Појасот Газа, со која раководи невладина организација Меѓународниот медицински корпус, јави ДПА.

-Теренската болница ќе биде управувана од 150 меѓународни медицински работници, а нејзините десетици кревети ќе можат да се користат за итен и рутински медицински третман, се вели во соопштението на војската.

Израел, кој се соочува со зголемен меѓународен притисок, вели дека ја зголемува количината на хуманитарна помош што оди во Газа.

Седум други теренски болници се основани од почетокот на војната во октомври 2023 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан