• недела, 22 декември 2024

Илјадници Грузијци демонстрираа во Тбилиси против законот за „странски агенти“

Илјадници Грузијци демонстрираа во Тбилиси против законот за „странски агенти“

Тбилиси, 11 мај 2024 (МИА) - Неколку илјади демонстранти излегоа вечерва на улиците во грузискиот главен град Тбилиси за уште еднаш да протестираат против контроверзниот нацрт-закон за „странски агенти“ поддржан од владата, но критикуван од САД и Европската унија.

Толпата собрана на плоштадот Европа ги вееше знамињата на Грузија и на Европската унија.

Тбилиси вели дека сака да се приклучи на заедницата и покрај предлог-законот, за кој неговите противници велат дека е сличен на руското законодавство што се користи против опозицијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан