• вторник, 14 мај 2024

Регионален експертски состанок за пристап до ефективни правни лекови за жртвите на трговија со луѓе во земјите од ЈИЕ

Регионален експертски состанок за пристап до ефективни правни лекови за жртвите на трговија со луѓе во земјите од ЈИЕ
Скопје, 3 март 2021 (МИА) - Државната секретарка и национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција Магдалена Несторовска денеска го отвори Регионалниот состанок на експертската група „Пристап до ефективни правни лекови за жртвите на трговија со луѓе во земјите на Југоисточна Европа“. Состанокот, што се одржува денеска и утре преку платформа КУДО, е во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), во соработка, поддршка и финансирање од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција и Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Северна Македонија, На состанокот, како што соопшти МВР, учествуваат повеќе од 100 практичари од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Франција, Хрватска и Црна Гора. - По двајца претставници од сите земји ќе ги споделат добрите пракси во однос на национална пракса за процедурални права за пристап до правда и механизмите за помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе, се наведува во соопштението на МВР. цр/сп/

Остани поврзан