• сабота, 23 ноември 2024

Раб: Би клекнал само пред жена и кралицата

Раб: Би клекнал само пред жена и кралицата
Лондон, 18 јуни 2020 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб смета дека клекнувањето пред некого, кое често го користат јавните личности во знак на поддршка на движењето „Црните животи се важни“, е симбол на потчинетост и подреденост и оти тој би го сторил тоа само пред жена и кралицата. Тој рече дека нема да го следи примерот на фудбалерите и другите јавни личности кои го прават тоа за поддршка на движењето во борбата против расизмот, и додаде дека станува збор за личен избор, пренесува Скај њуз. - Го разбирам чувството на фрустрација и немир што го предизвикува движењето "Црните животи се важни“. Ми се чини дека клекнувањето е симбол на потчинетост и подреденост, а не на ослободување и еманципација. Но, јас разбирам дека луѓето се чувствуваат поинаку поради тоа, така што тоа е прашање на личен избор, рече Раб. Членот на Лабуристичката партија Деквид Лами реагираше на изјавата на Раб, оценувајќи ја како „навредлива и срамна“ за еден министер. - Ако луѓето сакаат да клекнат, тоа е нивен избор и јас го почитувам. Сите ние мора да се обединиме за да се бориме против дискриминацијата и социјалната неправда, рече Лами. јт/

Остани поврзан