• среда, 25 декември 2024

Нетанјаху им вети на христијаните дека ќе се бори против силите на злото

Нетанјаху им вети на христијаните дека ќе се бори против силите на злото

Тел Авив, 24 декември 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача на христијаните низ светот дека Израел ќе продолжи да се бори против „силите на злото“, додека војната во Појасот Газа ја засенува прославата на Божиќ за христијаните во Израел и на палестинските територии.

„Израел го предводи светот во борбата против злото, но нашата борба не е завршена. Со ваша поддршка и со Божја помош, уверувам дека ќе победиме“, изјави Нетанјаху во видео порака.

„Стоите со нас со сила и решителност додека Израел ја брани нашата цивилизација од варваризмот. Се стремиме кон мир со сите кои го бараат истиот со нас, но ќе направиме сè што е потребно за да ја одбраниме нашата еврејска држава и нашето заедничко наследство“, додаде тој.

Во војната која започна по нападот на Хамас на 7 октомври 2023, животот го загубија над 1.200 луѓе во Израел, главно цивили. Според Министерството за здравство на Хамас, загинати се повеќе од 45.000 Палестинци, главно цивили.

Израел има околу 185.000 христијани, кои сочинуваат 1,9 отсто од населението, додека на палестинските територии, вклучувајќи го Појасот Газа, живеат околу 47.000 христијани. ссм/

фото: архива

Остани поврзан