Албанија ќе обучува украински војници во командата на НАТО
- Албанската влада донесе одлуката за учество на албански вооружени сили во командата на НАТО во Визбаден, Германија, за помош и обука на украинските сили.
Тирана, 24 декември 2024 (МИА) – Албанската влада донесе одлуката за учество на албански вооружени сили во командата на НАТО во Визбаден, Германија, за помош и обука на украинските сили.
Според одлуката, во оваа мисија ќе бидат ангажирани четворица албански воени старешини, чија цел е давање помош и обука на персоналот на украинските вооружени сили.
Планирано е мисијата да трае три години, со ротации на секои 180 дена. вт/ссм/