Во Израел продолжена вонредната состојба за уште една година
- Израелскиот Парламент денеска изгласа продолжување на вонредната состојба за уште една година и ќе трае до 25 декември 2025 година
Тел Авив, 24 декември 2024 (МИА) - Израелскиот Парламент денеска изгласа продолжување на вонредната состојба за уште една година и ќе трае до 25 декември 2025 година.
„За“ продолжување на вонредната состојба гласаа 29 пратеници од вкупно 120, а другите беа отсутни или „воздржани“.
Поради вонредната состојба Владата може да носи вонредни укази.
Вонредна состојба е прогласена по нападот врз Израел од страна на Хамас и другите палестински организации на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната во Појасот Газа. ми/
фото: МИА архива