• понеделник, 08 јули 2024

ПСЖ нуди 110 милиони евра за Осимен, но Наполи сака повеќе

ПСЖ нуди 110 милиони евра за Осимен, но Наполи сака повеќе

Париз, 12 јули 2023 (МИА) - ПСЖ ја испрати првата понуда за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

 

Според наполитанскиот весник „Il Mattino“, парижаните понудиле 110 милиони евра за напаѓачот, но оваа сума не му одговара на Наполи. Агентот на Осимен, Роберто Календа знае дека играчот нема да биде ослободен за толкава сума. Засега ПСЖ нема намера да ги задоволи барањата на Наполи.

 

ПСЖ е подготвен на Осимен да му понуди договор за 12 милиони евра годишно. Во моментов напаѓачот не е подготвен да изнуди трансфер од Наполи. Италијанскиот клуб верува дека по 15 август ПСЖ може да даде „непристојна“ понуда. Не е одреден рок за заминување на Осимен.

 

Календа се надева дека ПСЖ ќе даде уште една, повисока понуда. Забележано е дека Луис Енрике е „луд“ по Осимен.

 

Дваесет и четиригодишниот напаѓач минатата сезона постигна 31 гол и четири асистенции во 39 настапи за Наполи во сите натпреварувања. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан