• сабота, 06 јули 2024

Пронајдена дрога при претреси во два стана во Скопје

Пронајдена дрога при претреси во два стана во Скопје

Скопје, 31 март 2024 (МИА) - Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на 29/30 март биле извршени претреси со судска наредба во два стана на подрачјето на Центар и Карпош, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и две дигитални ваги.

Како што соопшти МВР, при претресот од слобода била лишена Л.Ј.(54) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, посочуваат од МВР. вг/

Фото: МВР

Остани поврзан