• понеделник, 15 декември 2025

Продолжи конзервирањето на Римската терма во Банско, кај Струмица

Продолжи конзервирањето на Римската терма во Банско, кај Струмица

Струмица, 13 мај 2025 (МИА) - Продолжи реализацијата на третата фаза од проектот за конзерваторски работи на Споменичната целина Бања Банско, во село Банско, позната како Римска терма, соопштија денеска од НУ „Завод и Музеј Струмица“.

Според оваа институција, се работи за најзагрозените делови од откриените ѕидни платна на овој објект, а конзервирањето се реализира според годишната програма за работа и одобрениот проект.

-Во Основниот конзерваторски проект за конзерваторско-реставраторски работи на дел од споменичната целина Бања Банско Струмица опфатена е и Големата Бања, нa која во 2024 година се вршеа конзерваторски-реставраторски работи на ѕид кој e меѓу просториите 2 и 5. Овие работи се продолжија како втора фаза на реализација на конзерваторско-реставраторски работи на С3 ѕид меѓу просториите 2 и 5, но на изгледот на ѕидот кон просторијата 2, се наведува во соопштението од НУ „Завод и Музеј Струмица“.

Инаку, овој проект е финансиран од Министерството за култура и туризам. рт/цр

Фото: НУ „Завод и Музеј Струмица“

Остани поврзан