Признание за директорката Поповиќ за промовирање на Американската култура на „Охридско лето“
- Амбасадата на САД во Скопје синоќа во рамки на Американската вечер на програмата од Фестивалот „Охридско лето“, на директорката на установата Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Северна Македонија.
Охрид, 29 јули 2024 (МИА) – Амбасадата на САД во Скопје синоќа во рамки на Американската вечер на програмата од Фестивалот „Охридско лето“, на директорката на установата Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Северна Македонија.
На врачувањето на признанието аташето за култура на Амбасадата на САД, Агуста Филбин, истакна дека признанието се доделува во знак за благодарност за долгогодишната соработка со Американската амбасада, унапредување на културните врски како и успешна промоција на американската култура во Република Северна Македонија.
Изразувајќи благодарност за признанието Поповиќ рече дека ваквите награди имаат значаен придонес во развојот на високите културни вредности по кое е препознатлив фестивалот „Охридско лето“.
„Изразувам огромна благодарност на Културното аташе на Американската амбасада, на американската амбасадорка Анџела Агелер за ова високо признание кое го споделувам со мојот тим, со моите колеги со кои заедно реализираме уште едно успешно фестивалско издание“, рече Поповиќ. аб/цр
Фото: Охридско лето