• вторник, 02 јули 2024

Приведен крадец во Скопје

Приведен крадец во Скопје

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од ЕВР-ОКР Кисела Вода при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Д.Т. од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „одземање на моторно возило", соопштија од МВР.

- Имено, во периодот од 19:00 часот на 27.05  до 14:00 часот на 28.05.2024 во Скопје, Д.Т. одзел патничко моторно возило „опел вектра“, сопственост на Љ.Л. од Скопје. По преземени мерки од страна на полициските службеници, Д.Т. е лишен од слобода, а возилото пронајдено и вратено на сопственикот. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението од МВР. цр/ев/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан