• недела, 05 мај 2024

Приведен дилер во Штип

Приведен дилер во Штип

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Штип вчера го лишиле од слобода штипјанецот А.Ј.(23), кај кого била пронајдена и одземена марихуана.

Како што соопшти денеска МВР, при претрес извршен од полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога во домот и помошни простории, сопственост на неговиот брат Т.Ј. (32), во кој заедно живееле, по претходно добиена судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По комплетирање на случајот против А.Ј ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. дма/аа/

Фото:МИА архива

Остани поврзан