• сабота, 11 мај 2024

Приведен дилер во Куманово

Приведен дилер во Куманово

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 19:30 часот  го лишиле од слобода кумановецот А.С. (52).

Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и дробилка.

А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан