• сабота, 18 мај 2024

Кривична пријава против скопјанец, предизвикувајќи пожар оштетил топловод и конструкцијата на мостот „Беласица“

Кривична пријава против скопјанец, предизвикувајќи пожар оштетил топловод и конструкцијата на мостот „Беласица“

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, денеска до Основно јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против И.Х.(37) од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност" по член 292, а во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност" по член 288 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

- Имено, по преземени мерки, подигнати докази, извршени вештачења и разговори со повеќе лица било утврдено дека на 11.05.2023 под мостот „Беласица“, пријавениот предизвикал пожар на т.н. „просторија за компензација на топловод", кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ-Снабдување со топлина, при што се предизвикани топлински оштетувања на наведениот топловод, како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот, се појаснува во соопштението.

Инаку, пријавениот И.Х. од 12.09.2023 се наоѓа на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан