Приведен возач од охридско, управувал возило со 2,1 промили алкохол во крвта
- При рутинска проверка вчера вечерта на булеварот „Туристичка“ во Охрид на лицето Н.Д.(45) од охридското село Долно Лакочереј, бил спроведен алко-тест, при што му биле измерени 2,1 промили алкохол во крвта.
Охрид, 23 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници на СВР – Охрид од слобода лишија лице кое управувало возило во состојба на тешко пијанство.
При рутинска проверка вчера вечерта на булеварот „Туристичка“ во Охрид на лицето Н.Д.(45) од охридското село Долно Лакочереј, бил спроведен алко-тест, при што му биле измерени 2,1 промили алкохол во крвта.
Лицето било исклучено од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. аб/аа/
фото/МИА архива