Приведено лице во Скопско поради пукање на семејна веселба
- Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, вчера во село Волково, Скопско, го лишиле од слобода скопјанецот В. З. (53) поради сомнение дека околу 18:20 часот во селото пукал на
Скопје, 16 октомври 2022 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, вчера во село Волково, Скопско, го лишиле од слобода скопјанецот В. З. (53) поради сомнение дека околу 18:20 часот во селото пукал на семејна веселба.
-Кај него била пронајдена и одземена пушка „застава M59/66“ калибар 7,62 x39 mm, додека на местото биле пронајдени повеќе чаури од испукани куршуми. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. дма/сст/