• четврток, 04 јули 2024

Прелиминарна истрага на Обвинителството за пожарите на Родос

Прелиминарна истрага на Обвинителството за пожарите на Родос

Атина, 25 јули 2023 (МИА) – Обвинителството Родос ќе спроведе прелиминарна истрага за пожарите што се веќе осми ден активни на островот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според весникот „Димократики“ од Родос, ќе треба да се истражи дали се работи за организиран план за подметнување пожар или за предизвикување шумски пожар од небрежност, на пример, поради неконтролирано фрлање или палење смет или друга човечка активност. 

Обвинителот, како што пишува весникот, ставил јасно до знаење дека во оваа фаза најважно е гаснењето на пожарот и дека нарачаните дејствија ќе бидат спроведени со апсолутен приоритет по завршување на акцијата.ср/сд/

Остани поврзан