Нигерија: Најмалку 51 лице загина во напад врз села во државата Плато
- Вооружени напаѓачи денеска убиле најмалку 51 лице за време на напад врз села во државата Плато во северна Нигерија, потврдија за медиумите очевидци и Амнести интернешнел.

Маидугури, 14 април 2025 (МИА) – Вооружени напаѓачи денеска убиле најмалку 51 лице за време на напад врз села во државата Плато во северна Нигерија, потврдија за медиумите очевидци и Амнести интернешнел.
Нападот се случи две недели по судирите во друг дел на државата Плато, во кои загинаа десетици луѓе.
Националната агенција за вонредни ситуации соопшти дека во нападите на милитантите во областа на државата Плато пред две недели најмалку 52 лица загинале, а речиси 2.000 луѓе биле раселени. јт/
Фото: МИА архива