Прво издание на Охридскиот џез фестивал
- Општина Охрид со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации го организира првиот Охридски џез-фестивал.
Охрид, 31 август 2023 (МИА) – Општина Охрид со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации го организира првиот Охридски џез-фестивал.
Фестивалот ќе се одржува вечерва со настап на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ и гостите Танче Гроздановски и Ратко Даутовски, додека за утревечер на програмата е концерт на Џон И. Апелгрен квартетот.
Најавените содржини на Охридскиот џез-фестивал ќе се одржуваат во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 20:30 часот. Влезот е слободен. аб/са/
фото/плакат