• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Велес од утре ќе започнат градежните работи за изградба на подземна катна гаража и нов плоштад

Во Велес од утре ќе започнат градежните работи за изградба на подземна катна гаража и нов плоштад

Велес, 25 март 2025 (МИА) -Од утре ќе започнат градежните работи за изградба на подземна катна гаража во центарот на Велес, а потоа и нов плоштад пред зградата на Општинскиот суд, информира на денешната прес - конференција на новинарско прашање градоначалникот Марко Колев. Тој инофрмира дека за таа цел вчера беа отстранети возилата од паркнгот пред зградата на Основниот суд во Велес, а во текот на денешниот ден се вршеше оградување на просторот.

Воедно, појасни дека почетокот на  градежните работите биле одложени една недела поради трагедијата во Кочани.

Изградбата на прва подземна катна гаража во Велес, е капитален проект и еден од најголемите проекти во поновата историја на градот рече градоначалникот Колев и најави дека со негова изградба ќе се подобри паркирањето во централното градско подрачје на Велес.

-Имаме избрано фирма, имаме избрано надзор и воведена е фирмата во работа. Ќе имаме времен режим на сообраќај и веќе се поставуваат знаци. Воедно, ќе имаме и времено паркирање и се надевам дека во разумен период од 9 до 12 месеци ќе биде изграден еден од најголените инфраструктурни објекти не само по сумата на финансиските средства туку и по комплексноста на изградбата заради тоа што повеќе од 12-13 метри ќе се оди под земја, потенцира Колев.

Инаку, оваа подземна катна гаража за околу стотина возила на три нивоа и новиот плоштад ќе се градат со средства од Владата во висина од околу 3 милиони евра. ад/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан