• недела, 22 декември 2024

Прва седница на преодната влада

Прва седница на преодната влада

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, за денеска со почеток во 12:00 часот, ја закажа првата седница на новоизбраниот владин состав. 

Како што соопштуваат од владината прес-служба, за заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето на седницата. 

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати велигденска честитка до припадниците на католичката вероисповед.

Преодната Влада предводена од Џафери беше избрана во неделата. Целта на оваа влада е организирање и спроведување на фер и демократски избори. Мандатот на техничката влада е до изборот на нова политичка влада, по парламентарните избори што треба да се одржат на 8 мај. Две недели претходно на 24 април во земјата треба да се одржат претседателски избори. ев/са/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан