• понеделник, 01 јули 2024

Правилото 3-6-9-12 за дигитално воспитување на децата

Правилото 3-6-9-12 за дигитално воспитување на децата
Мелбурн, 5 август 2020 (МИА) - Децата се сѐ повеќе зависни од интернетот, а во светот некаде почнаа да се отвораат и клиники за третман на зависност од повеќе допаѓања, следачи, внимание и слично. Стручњаци од повеќе земји ги здружуваат силите во обид „да ги спасат“ новите генерации, но „волшебната формула“, се чини, сè уште не е откриена. Но, правилото 3-6-9-12 можеби може да помогне, во таа смисла. Се работи за теорија на Кралскиот австралиски колеџ за педијатрија, која нуди четири совети за дигитално воспитание на децата денес. Тие велат: - Нема употреба на компјутери и телефони до тригодишна возраст. - Нема интернет до шестгодишна возраст. - Забранети се видеоигри пред деветгодишна возраст. - Нема социјални мрежи пред 12-годишна возраст.  си/паг/

Остани поврзан