• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Почина српско-американскиот глумец Мел Новак

Почина српско-американскиот глумец Мел Новак

Лос Анџелес, 10 април 2025 (МИА) - Почина Мел Новак, холивудскиот глумец, можеби најпознат по својата улога на снајперистот во кинеско-американската филмска класика „Игра на смртта“ (Game of Death), од 1978 година, со Брус Ли како главна ѕвезда и режисер.

Американскиот глумец со српско потекло почина вчера наутро во установа за нега, од природна смрт, како што потврди неговата ќерка Никол Конант. Тој имаше 90 години.

- Во повеќедецениската кариера во Холивуд, Новак претрпе бројни повреди, бидејќи беше и каскадер. Секојдневно чувствуваше болка - особено изминативе неколку години, од тепањата што ги доби пред камера, вели Никол.

Новак зад себе има учество во околу 85 филмови, како и 16 американски и меѓународни филмски награди. Обично глумше негативец во повеќето негови филмови. Зад себе ги остави ќерките Никол и Леа, поранешната сопруга Вера Новак и повеќе внуци.  си/сд/

Фото: Википедија

Остани поврзан