• понеделник, 23 декември 2024

Почина актерот Трајче Ѓоргиев 

Почина актерот Трајче Ѓоргиев 

Скопје, 3 јуни 2023 (МИА) – Почина актерот и основач на Меѓународниот фестивал за пантомима и физички театар (ПАНФИЗ), Трајче Ѓоргиев.

Ѓоргиев дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра. Бил дел од МНТ повеќе од триесет години – започнувајќи од првата улога како Акаст во „Мизантроп“ (1989).

Во 2005 година ја режира и игра во петте пантомими за една глумечка претстава „Човекот" од Марсел Марсо и со неа се стекнува со титулата магистер по пантомима на Академијата за театар и филм „НАТФИЗ" во Софија, Бугарија. 

Бил дел и од „Театар за пантомима“, летна школа на Кенјон колеџ, Гамбир, Охајо, 2008 година, а посетува и едногодишни специјалистички студии по пантомима во класата на проф. д-р Александар Илиев, на „НАТФИЗ“, 2005 – 2006 г.

Добитник е на Гран при за најдобра претстава и најдобра режија на ДАФ, Кочани за претставата „Кралот  Иби“ во 1991 година, Гран при на ДАФ, Кочани, за претставите „Настојник“ во 1996 година, „Домот на Бернарда Алба“ во 1998 година, „Јане Задрогаз“ во 1999 година и „Најкратки драми на светот“ во 2003 година. Исто така е добитник на две големи награди за претставата „Човекот“ - награда за најдобра сценска игра на фестивалот „Златен рис“ во Бања Лука и наградата на директорите на фестивалот на Меѓународниот фестивал во Габрово, Бугарија.

Денот и времето за погребот и комеморацијата ќе бидат дополнително објавени. свс/бак/

Фото: Драмски театар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан