• четврток, 12 септември 2024

Потпишан договор за соработка помеѓу издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Литературниот центар Мунстер од Корк, Република Ирска

Потпишан договор за соработка помеѓу издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Литературниот центар Мунстер од Корк, Република Ирска

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Литературниот центар Мунстер од Корк, Република Ирска, потпишаа договор за соработка, која ќе се одвива во повеќе насоки за културно поврзување на македонската и ирската култура, на полето на книжевноста и поетските фестивали. 

Според овој договор, Литературниот центар Мунстер, претставуван од уметничкиот директор Патрик Котер, во наредните неколку години ќе поддржи гостување на ирски поети на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“. Центарот ќе распишува годишен конкурс на кој право да се пријават ќе имаат поетите од Корк што пишуваат на ирски или на англиски јазик, а коишто до сега да не биле учесници на фестивалот, соопштија од ПНВ Публикации.

Изборот на учесниците ќе го прави Јулијана Величковска, главен и одговорен уредник на „ПНВ Публикации“ и програмски директор на „Поетска ноќ во Велестово“.са/

Фото: ПНВ Публикации 

Остани поврзан