• четврток, 12 септември 2024

Дејан Цветковски нов директор на НУ Камерен оркестар на Битола

Дејан Цветковски нов директор на НУ Камерен оркестар на Битола

Битола, 11 септември 2024 (МИА) - Националната установа Камерен оркестар на Битола информира дека од денеска нов директор на таа национална установа е Дејан Цветковски, вработен во установата, а досегашниот директор и диригент Владимир Димовски ќе продолжи да работи во оркестарот како надворешен соработник.

Во соопштение до јавноста, Димовски изјави дека промената на раководството е поради истечен мандат на досегашниот директор.

-Единаесет години се борев Камерен Оркестар на Битола да стане Национална Установа со свои вработени и пред две години тоа го постигнав. Многуте цели кои ги имав се остварија, а тоа се вработувањето на професионални музичари во оркестарот, потоа концерт со оркестарот во Виена, но и во Прага и Рим, како и други цели. Мојата соработка со НУ Камерен Оркестар на Битола ќе продолжи како и досега, се посочува меѓудругото во соопштение до јавноста од досегашниот директор Димовски, воедно вработен во Националната опера и балет. мт/сст/

Фото: НУ Камерен оркестар на Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан