„Австриски класици во дуо“ - трет концерт на „SKUPI КамерФест VII издание“ во Филхармонија
- Третиот концерт насловен „Австриски класици во дуо“ од програмата на меѓународниот фестивал на класична камерна музика „SKUPI КамерФест VII издание“ ќе се одржи денеска од 19 часот во Филхармонија во Скопје.
Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Третиот концерт насловен „Австриски класици во дуо“ од програмата на меѓународниот фестивал на класична камерна музика „SKUPI КамерФест VII издание“ ќе се одржи денеска од 19 часот во Филхармонија во Скопје.
На концертот ќе настапат Клеменс Бок (виолина) од Австрија и Кристина Шејхер (пијано) од Австрија.
Програмата вклучува дела од познати композитори како што се Хендел, Моцарт, Шуберт, Буланже и Дворжак. ар/нд/
Фото: Скупи КамерФест