• понеделник, 20 мај 2024

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - Поради одржување улична трка во Скопје, на 12 мај (недела) од 08.30 часот до 10.30 часот ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите.

СВР Скопје соопшти дека стартната позиција на натпреварувачите е на бул.„Илинден“–локација Фонтана, а потоа ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, од таму до крстосница со бул.„Партизански одреди“, десно (кон населба Ѓорче Петров) до мостот Влајко, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“, каде вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Фото: МИА архива

Остани поврзан