• петок, 05 јули 2024

Поради градежни работи видоизменет сообраќајниот режим на улицата „7 Ноември“ во Охрид

Поради градежни работи видоизменет сообраќајниот режим на улицата „7 Ноември“ во Охрид

Охрид, 4 јули 2024 (МИА) – Поради градежни работи на улицата „7 Ноември“ во Охрид од денеска до сабота ќе биде воведен времен режим на сообраќајот во тој дел од градот.

Според предвидените активности на терен, во првата фаза работите на сообраќајницата ќе се одвиваат на потегот од кружниот тек пред ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ до крстосницата со улицата „Питу Гули“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“. Во втората фаза ќе се работи на потегот од крстосницата со улицата „Питу Гули“ до крстосницата со улицата „Васил Главинов“, додека во третата фаза работите на терен ќе се спроведуваат од крстосницата со улицата „Васил Главинов“ до крстосницата со улицата „Егејска“.

Од Општина Охрид информираат дека за време на теренските активности сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативни улици и насоки.

Се апелира со учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и доколку имаат можност да го избегнуваат движењето со моторни возила во тој дел на градот. аб/бак/

Фото: Општина Охрид

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан