• сабота, 06 јули 2024

Комеморација во чест писателот Исмаил Кадаре

Комеморација во чест писателот Исмаил Кадаре

Гостивар, 5 јули 2024 (МИА) - Во чест на неодамна починатиот албански книжевник Исмаил Кадаре, попладнево се одржа комеморација во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, која ја организраше Светскиот албански сојуз - Собрание за РСМ.

На комеморацијата, Шпенд Бајрами, првиот човек на оваа организација напомена дека Албанците со смртта на Кадаре загубиле значајана личност.

- Ние, Албанците, не бевме подготовени да се збогуваме со Кадаре. Тој уште ни е потребен и сега кога замина и физички не е меѓу нас, ни остана голема празнина. Кадаре ни остави големо јазично и литературно наследство, ја збогати јазичната лексика. Кадаре ќе се чита и неговите пораки ќе бидат водилка за албанската заедница, рече Бајрами.

Во обраќањето в.д. градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани нагласи дека смртта на Кадаре е загуба за целата албанска нација.

Обраќања во кои се нагласи значајот на делото на овој албански книжевник и неговиот живот имаа албанологот и универзитетски професор Измит Дурмиш и поетот Бајрамали Селими.

Исмаил Кадаре почина во понеделник на 1 јули на 88 годишна возраст во Тирана. Тој важи за еден од најзначајните албански писатели од поновата историја. згм/ев/

Фото: МИА 

Остани поврзан