• среда, 15 мај 2024

Полскиот премиер се залага за зајакнување на одбранбените капацитети на ЕУ

Полскиот премиер се залага за зајакнување на одбранбените капацитети на ЕУ

Варшава, 7 мај 2024 (МИА) - Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Европа ќе мора да ги зголеми своите одбранбени капацитети за да избегне конфликти и да биде побезбедна и повторно повика на развој на заеднички европски систем за противвоздушна одбрана.

Минатата година Полска одвои речиси четири отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбраната со цел да ги зајакне сопствените воени капацитети. На Европскиот економски конгрес во Катовице, на југот на Полска, Туск ги повика земјите од ЕУ да ги зголемат трошоците за одбрана за најмалку 100 милијарди евра.

– Европа мора да биде подготвена во следните десет месеци и наредните пет години за ситуација во која ниту една сила нема да се осмели да крене рака против неа, рече Туск. „Голема сума пари (за европска безбедност) ќе ја оддалечи војната од европските граници долго време, можеби и трајно“, смета Туск, повторувајќи ја потребата од заеднички систем за противвоздушна одбрана. Мора да бидеме способни да го одбраниме нашето небо“, потенцираше премиерот на Полска.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, исто така присутна на Конгресот, се согласи дека ЕУ мора да троши повеќе за одбраната и вети дека доколку остане на чело на Комисијата, ќе предложи нови проекти во областа на одбраната. 

Таа претходно предложи назначување постојан европски комесар за одбрана. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан