• недела, 05 мај 2024

Сикорски: Рускиот напад врз НАТО би завршил со пораз на Москва

Сикорски: Рускиот напад врз НАТО би завршил со пораз на Москва

Варшава, 25 април 2024 (МИА) - Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски во денешното обраќање пред Парламентот рече дека евентуалниот руски напад врз НАТО ќе заврши со пораз на Русија и дека Алијансата мора да ги зголеми инвестициите во својата одбрана.

Сикорски ги изложи приоритетите на Владата на премиерот Доналд Туск, која се обидува да покаже лидерство во Европа поради зголемените стравувања дека руската агресија нема да престане во Украина.

Сикорски изјави дека развојот и безбедноста на Полска треба да се заснова на трансатлантска соработка и европска интеграција, а го истакна и значењето на пријателството со Германија.

Тој ја обвини претходната влада на партијата Право и правда, која ја предводеше Полска од 2015 до 2023 година, дека избрала конфронтација со ЕУ. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан