• среда, 15 мај 2024

Покетино: Се надевам дека ќе останам во Челзи додека не умрам

Покетино: Се надевам дека ќе останам во Челзи додека не умрам

Лондон, 6 ноември 2023 (МИА) - Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино, одговори на прашањето дали ќе се врати во Тотенхем пред да се пензионира.

- Кој знае. Во фудбалот е како во животот: никогаш не се знае што ќе се случи утре. Треба да уживаме денес, а сега се трудам да го направам токму тоа и да не гледам премногу далеку во иднината. Но зошто да не? Сепак, се надевам дека ќе останам овде, во Челзи, додека не умрам! - изјави тренерот.

Покетино работеше во Тотенхем од 2014 до 2019 година. Потоа беше тренер на ПСЖ, а во мај 2023 година стана главен тренер на Челзи. Тимот предводен од 51-годишниот стручњак моментно се наоѓа на 13. место во Премиер лигата со 12 бода во 10 кола.

Вечер од 21 часот Челзи му на Тотенхем во 11. коло на Премиер лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан