Повторно скандал со реставрација на уметничко дело во Шпанија
- Шпанија се соочува со уште еден случај на, според многумина - непрофесионална реставрација на уметничко дело. Овојпат се работи за сликата „Дева Марија“ од шпанскиот уметник Бартоломеј Естеба
Мадрид, 24 јуни 2020 (МИА) - Шпанија се соочува со уште еден случај на, според многумина - непрофесионална реставрација на уметничко дело. Овојпат се работи за сликата „Дева Марија“ од шпанскиот уметник Бартоломеј Естебан Муриљо кој живеел во 17. век.
- Мислам дека овој човек - или луѓе - не треба да се нарекуваат реставратори. Тие се квази-мајстори кои само ги прикрпуваат работите. Тие ги уништуваат делава!, нагласи Фернандо Карера, поранешен претседател на шпанското Професионално здружение на реставратори и конзерватори.
Слични критики доживеа и онаа на дрвената статуа на Св. Ѓорѓија од 16. век, којашто по зафатот 2018 година, ја нарекуваа „урнебесен цртан лик“. Љубителите на уметноста, на Твитер, веднаш го споредија и овој потфат со неславно лошата реставрација од 2012 година, на „Ече хомо“ фреската „Исус Христос“. си/