• сабота, 27 април 2024

„Платформа 1198“: Една милијарда евра за подобрување на животот на граѓаните на локално ниво

„Платформа 1198“: Една милијарда евра за подобрување на животот на граѓаните на локално ниво

Скопје, 24 март 2024 


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на денешната дебата „Просперитетни заедници: Земјоделство, локална самоуправа и управување со животната средина“ при презентација на програмата „Платформа 1198“, истакна дека станува збор за опсежна програма која нуди решенија, каде локалните проекти ќе преовладуваат, ќе има развој, а ќе се бориме за подобар квалитет на живот кој е нарушен изминативе 7 години поради огромниот број напластени проблеми како резултат на неуспешната влада на СДС и ДУИ.

- Она што ги засега граѓаните е локалната самоуправа бидејќи, ние периодов одејќи од град во град, место во место, гледаме дека има многу проблеми кои ги оптоваруваат граѓаните како што се канализации, водоводи, локални патишта и затоа викаме дека во следната 4 годишна програма ние ќе издвоиме 1 милијарда евра или по 250 милиони евра секоја година за да може да се реализираат што поголем број на проекти за граѓаните на локално ниво. Се обврзуваме дека ќе имаме инфлација под 3%, значајно ќе отвориме нови работни места и невработеноста ќе ја намалиме на 7,5“, ќе имаме раст на економија за 5%, правна држава, економски стабилна и услови за компаниите да имаат еднаков терен за работа. Се обврзуваме и крупните проекти како автопатот Кичево-Охрид, Кичево-Гостивар потоа патот Градско-Прилеп, Прилеп- Битола ќе бидат реализирани. Исто така проект кој ќе опфати 150.000 семејства да направиме енергетски фасади да се обезбеди помала потрошувачка на енергија, потенцираше Сајкоски.

„Првиот момент кој ќе не прави различни нашата Влада после 8-ми и владава во изминатиот период е тоа дека секако во фокусот на претседателот и иден премиер Христијан Мицкоски влегува локалната самоуправа што и впрочем го докажува тоа со планот и концептот кој средствата ги предвидува да бидат насочени кон локалната самоуправа што од друга страна пак и локалната самоуправа е првата врата на која се обраќаат нашите сограѓани“, рече градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во текот на дебатата.

Тој додаде дека во наредниот период со владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе следи зајакнување на општините, а фискалната децентрализација е една од работите која треба да биде имплементирана, односно како што изјави со правилна распределба на средствата и вистинска фискална децентрализација ќе се оневозможи девијација од централната власт, со тоа градоначалниците вистински ќе ги реализираат проектите на локално ниво.

Марјан Ристески, претседател на Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага да општините бидат финансиски стабилни и да нудат квалитетни и експедитивни услуги како и да бидат решени голем број на проблеми на граѓаните.

-Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе гледа општините да станат финансиски стабилни општини, да не бидат задолжени, да бидат со квалитетни услуги спрема граѓаните, многу поекспедитивни, да бидат решавани проблемите како и да се намали корупцијата на локално ниво коешто ние го покажавме и докажавме во овие три години без нити еден коруптивен скандал од 43 градоначалници. Главното ќе биде одвојувањето на 250 милиони евра од централниот буџет кои ќе бидат трансферирани на локално ниво. Исто така ќе има определена методологија која ќе биде работена по глава на жител на граѓаните на општините, степенот на развој на општините и големините на општините .Јас како претседател на комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ ги повикувам градоначалниците да ги спремаат проектите затоа што после месец мај со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат достапни апликациите за да можат да аплицираат и да ги користат овие средства. Со тие средства ќе бидат реализирани голем број на проекти од инфраструктурата како што се изградба на канализации, проекти од областа на инфраструктурата, од областа на образованието, еколошки проекти и се она што значи развој на општините и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во самите општините, рече Ристески.

„Наша цел е да имплементираме голем број на проекти кои што ги има во нашата програма. И полека да почнеме да влијаеме на процесите кои што влијаат на здравјето на нашите најмили, на здравјето на нашите родители“, истакна Даме Димитровски, претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кај нас прашањето на животната средина е доведено до здравјето и животот на луѓето. Во програмата за животна средина и климатски промени која што ја создадовме има голем број на проекти и се водевме од потребите на нашата држава, се водевме од европските практики и ќе кажам дека целиот развој на ЕУ во следниов период е базирано на „Зелениот договор“ кој што опфаќа и дел од локалната самоуправа, дел од шумарството, дел од земјоделството“, рече Димитровски.

Димитровски посочи дека се потребни услови за спроведување на проекти. А, тоа се два големи услови едниот е да се обезбедат средства за реализација на проектите. И вториот дел е да се обезбедат ефикасен, правичен инспекциски надзор за животна средина.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан