• недела, 05 мај 2024

Претпладне сончево, од пладне можност за краткотраен пороен дожд 

Претпладне сончево, од пладне можност за краткотраен пороен дожд 

Скопје, 27 април 2024 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и во делови од регионот со услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степен Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 5 степени. вј/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан