• недела, 14 јули 2024

Пет деца се ранети во Русија по украински напад со дронови

Пет деца се ранети во Русија по украински напад со дронови

Москва, 12 јули 2024 (МИА) - Во напад на украинско беспилотно летало на пограничниот град во руската област Белгород, повредени се пет деца, од кои две потешко, соопшти регионалниот гувернер. Вјачеслав Гладков рече и дека тројца цивили се повредени во друг украински напад на Шебекино.

-Во градот Шебекино, експлозивна направа беше намерно фрлена од дрон во дворот на повеќекатната зграда, напиша Вјачеслав Гладков на Телеграм, пренесуваат руските медиуми. 

Пет деца кои биле на игралиштето се здобиле со различни повреди, а две во тешка состојба се пренесени во регионалната детска болница.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која исто така пишува на Телеграм, го опиша инцидентот како „намерен терористички напад врз деца“ и повика на меѓународна осуда.

Инцидентот се случи три дена по рускиот напад на Киев во кој загинаа 47 лица, а детската болница таму претрпе големи разурнувања. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан