• недела, 14 јули 2024

Бајден повика на единство откако Трамп беше ранет во пукање на митинг во Пенсилванија

Бајден повика на единство откако Трамп беше ранет во пукање на митинг во Пенсилванија

Вашингтон, 14 јуни 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека се надева дека ќе разговара со Доналд Трамп „наскоро“ и повика на единство откако неговиот републикански ривал беше ранет во пукање на митинг во Пенсилванија.

„Нема место во САД за ваков вид насилство. Болно е. Болно е. Тоа е една од причините зошто мораме да ја обединиме оваа земја... Не можеме да бидеме вака, не можеме да го одобриме ова“, изјави Бајден.

„Идејата дека има политичко насилство или вакво насилство во САД е невидено. Сите, сите мора да го осудат“.

Бајден рече дека има „мислење“ за тоа дали пукањето на митингот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Пенсилванија било обид за атентат, но дека нема доволно факти да коментира.

„Не знам доволно - имам мислење, но немам никакви факти…Сакам да се уверам дека ги имаме сите факти пред да дадам некој коментар или повеќе коментари“. зш/

Остани поврзан