• сабота, 14 февруари 2026

Петрушевски: Договорот со САД за реципрочна трговија ја подобрува економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција

Петрушевски: Договорот со САД за реципрочна трговија ја подобрува економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција

Скопје, 13 февруари 2026

Многу голем успех на нашата Влада и дипломатија пред се. После оној стратешки договор што го потпишавме со Обединетото Кралство, ова е втор сериозен договор на повидок којшто огромен бенефит ќе има и Македонија како држава, затоа што ја позиционира на една сериозна мапа во светот, но и во самата заедничка изјава со Белата куќа пишува дека најстратешкиот партнер на САД во Балканот и во овој регион е Македонија, што многу значи за потенцијалните инвеститори, економската клима за државата, но и за меѓународната позиција на Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално.

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија се осврна на договорот со САД за реципрочна трговија кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%. Тој додаде дека продлабочувањето на стратешкото партнерство со САД ќе отвори нови економски перспективи за Македонија.

„Овој договор предвидува сериозни бенефиции пред се она коешто е најбитно за граѓаните дека имаме двојна добивка, односно производите коишто Америка ќе ги извезува во Македонија ќе бидат поевтини затоа што ќе нема царини и граѓаните ќе имаат поевтини производи“, рече пратеникот Петрушевски.

Петрушевски нагласи дека Владата има визија за подобрување на економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција.

„Да резимираме, зборуваме дека како една малечка балканска земја успеваме да потпишеме сериозен договор со најсилната економија во светот, и тоа во меѓународни рамки значи многу за Македонија“, заклучи Петрушевски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
 

 

Остани поврзан