• понеделник, 06 април 2026

СДСМ: Злоупотреби на деца од ЗНАМ и Максим Димитриевски за политичка промоција

СДСМ: Злоупотреби на деца од ЗНАМ и Максим Димитриевски за политичка промоција

Скопје, 6 април 2026

Тендери, песни а сега и нов скандал, злоупотреба на деца за политички цели на ЗНАМ и Максим Димитриевски. Во основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово, каде што работи и сопругата на Максим Димитриевски како и претседателката на Советот на Куманово, Ивана Георгиевска, исто така од ЗНАМ била организирана т.н. „хуманитарна акција“ од страна на Советот на родители. Наместо вистинска хуманост, на настанот се злоупотребени дечињата и принудени да ја пеат песна од изборната кампања на Димитриевски, се вели во соопштенито од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.

Ова претставува класична злоупотреба на деца за политичка промоција, спротивно на законите и претставува грубо кршење на правата на децата.

Член 12, став 4 од Законот за заштита на децата, строго забранува злоупотреба на децата за политичко организирање и дејствување.

Очигледно, за Димитриевски и ЗНАМ нема граници – од тендери, преку политичка пропаганда, до злоупотреба на најмладите.

СДСМ бара итна институционална реакција од сите надлежни органи – Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование и наука и Комисијата за заштита на правата на детето.

Бараме утврдување на одговорност и соодветни санкции за сите инволвирани.

Децата не смеат да бидат алатка за политички цели.


Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: МИА архива

Остани поврзан