• вторник, 07 април 2026

Хуманитарна акција во Куманово

Хуманитарна акција во Куманово

Куманово, 6 април 2026 (МИА) - Ученици, наставници и родители, денеска во кумановското основно училиште „Кочо Рацин“ организираа хуманитарен празничен концерт. На манифестацијата настапија ученици и популарни домашни интерпретатори, со музичка и сценска програма, на задоволство на публиката, односно многубројните деца и младинци.

-Хуманитарниот концерт го организира Советот на родители на училиштето во соработка со низа општествено одговорни компании и со поддршка на училиштето. Иницијативата е од страна на родителите, сè собраа сами и ќе донираат на оние на кои им е најпотребно- изјави директорката на училиштето, Галаба Давчевска.

Целта на Велигденскиот концерт е да се упати порака до јавноста, да се продолжи оваа хумана иницијатива, со прибирање на средства и поддршка на учениците од социјално – ранливите семејства. Иницијативата е можност да се поттикнат вредности како солидарност, емпатија и хуманост кај најмладите.

-Овој настан е по повод пролетта и празникот. Собравме доволно средства како донација. Голем број општествени компании излегоа во пресрет и благодарни сме кои ја препознаа идејата- изјави Панче Перковски од Советот на родители.

Настанот има за цел собирање средства за поддршка на ученици од социјално загрозени семејства. Во рамки на фестивалот се одржа богата програма со музички точки, како и гостувања од домашни музички изведувачи. Средствата како што посочија организаторите, се собирале преку доброволен придонес од учениците. ам/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан