СДСМ: Уште еден пример за криминални тендери
- Антикорупцискиот тим на СДСМ објавува нов скандал во ЈП Државни патишта тежок речиси 4 милиони евра. Точно 3,8 милиони евра, пари на граѓаните завршуваат во хонорари и до 25.000 евра месечно, најголем дел од нив странци, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 6 април 2026
Антикорупцискиот тим на СДСМ објавува нов скандал во ЈП Државни патишта тежок речиси 4 милиони евра. Точно 3,8 милиони евра, пари на граѓаните завршуваат во хонорари и до 25.000 евра месечно, најголем дел од нив странци, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Преку тендер во ЈП Државни патишта на Коце Трајановски и склучен договор за техничка помош!
Додека Владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата и македонските работници работат за мизерни 400 евра се трошат речиси 4 милиони евра народни пари за хонорари од 25 илјади евра месечно.
Со одлука на Коце Трајановски ЈП годишно ќе плаќа околу 950.000 евра за само 13 експерти.
Па каде е овде логиката?
Вредноста е колку нето платите и надоместоците за 92 вработени во јавното претпријатие!
Ова е голем скандал. Уште еден пример за криминални тендери.
За 4 години ангажман, тим лидерот од овие експерти ќе добие 550.000 евра, половина милион евра.
ВМРО-ОКГ им дели милиони на „експерти“ додека македонски работниците се отпуштаат од работа, над 1500 работници се останати без разбота поради Мицкоски.
Кој ги одредил овие астрономски хонорари?
Како е можно да нема пари за македонските работници, а има за привилегирани поединци?
Кој профитира од ваквите договори?
Дали на овој начин се пумпаат пари на граѓаните?
Ова е криминален систем на тендери за кои АКТ постојано алармира, систем на испумпување на парите на народот..
СДСМ бара поништување и повлекување на овој скандалозен тендер.
Бараме испитување на потребата, критериумите и на целата постапка.
Одговорност мора да има!
Антикорупциски тим на СДСМ
Фото: СДСМ