• петок, 05 декември 2025

Петнаесет проценти од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба

Петнаесет проценти од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба

Скопје, 10 октомври 2025 (МИА) -  Во 2025 година, 97.2 проценти од деловните субјекти имаат пристап на интернет. Со широкопојасен пристап преку фиксна конекција се 92.9 проценти од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Компјутер во работата користат 99,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во однос на е-трговијата, 16.4 проценти од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 15 проценти од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба.

Во 2025 година, деловните субјекти со пристап на интернет имале најголемо учество во секторот Останати дејности со 99.7 проценти и во секторот ИКТ со 99.1 проценти. лв/вг/

фото: МИА архива/принтскрин/

Остани поврзан