• среда, 03 јули 2024

Педесетте поении на Кари не го спасија Голден Стејт од пораз од Клиперс

Педесетте поении на Кари не го спасија Голден Стејт од пораз од Клиперс

Лос Анџелес, 16 март 2023 (МИА) – Шампионот на НБА-лигата, тимот на Голден Стејт вориосрс утринава загуби од Лос Анџелес клиперс на гости со 134:126.

 

Стеф КАри кој постигна 50 поени, беше најефикасен на натпреварот, но и тоа не беше доволно неговиот тим да избегне пораз.

 

Клиперси се на петтото место во поредокот на Западната конференција, додека Голден Стејт е на шестото место.

 

На другите натпревари во најсилната кошаркарска лига на светот одиграни ноќта среда кон четврток постигнати се следниве резултати:
Кливленд – Филаделфија 109:118
Мајами – Мемфис 138:119
Чикаго – Сакраменто 114:117
Хјустон – Лос Анџелес лејкерс 114:110
Минесота – Бостон 102:104
Сан Антонио – Далас 128:137 (по продолжение). зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан