• среда, 03 јули 2024

Д’Аверса нов тренер на Емполи

Д’Аверса нов тренер на Емполи


Рим, 2 јули 2024 (МИА) – Нов тренер на италијанскиот фудбалски прволигаш Емполи е 48-годишниот Роберто Д’Аверса, кој ќе го предводи клубот во следните две сезони.
Назначувањето на Д’Аверса е 13-та тренерска смена во Серија А во летниот период во пресрет на сезоната 2024/25.
Д’Аверса досега во кариерата ги водеше Парма, Сампдорија и Лече пред да пристигне во Емполи.
Во март оваа година управата на Лече го отпушти откако Д’Аверса со глава го удри францускиот фудбалер во редовите на Верона, Томас Анри.
Новата сезона во Серија А почнува на 17 август. ег ФОТО: икс

Остани поврзан