• среда, 03 јули 2024

Манчестер сити нема да го задржи Едерсон доколку тој сака да го напушти тимот

Манчестер сити нема да го задржи Едерсон доколку тој сака да го напушти тимот

Манчестер, 3 јули 2024 (МИА) - Голманот на Манчестер сити, Едерсон би можел да го напушти тимот во летниот преоден рок, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Според Романо, за услугите на 30-годишниот Бразилец се заинтересирани клубови од Саудиска Арабија. 

Во исто време, „граѓаните“ нема да го задржат голманот ако тој сака да си замине.

Едерсон игра за Манчестер Сити од 2017 година. Оттогаш, тој одигра 332 натпревари за тимот, прими 257 гола и ја задржа мрежата чиста на 155 натпревари.

Договорот на голманот со клубот е до летото 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан