Пациентите од Источниот Регион од утре прегледите преку „Мој термин“ ќе ги извршуваат во штипската модуларната болница
- Специјалистичките амбуланти и центри при Клиничката болница - Штип од утре се селат во објектот на поранешната модуларна болница. Пациентите од целиот Источниот Регион, прегледите што им се закажани преку „Мој термин“, ќе ги извршуваат во објектот на модуларната болница. Директорот на Клиничка болница - Штип, Владко Захариев, вели дека ординациите и центрите се спремни со потребните апарати, компјутерите и од утре се ставаат во работа во овој објект.
Штип, 7 април 2026 (МИА) - Специјалистичките амбуланти и центри при Клиничката болница - Штип од утре се селат во објектот на поранешната модуларна болница. Пациентите од целиот Источниот Регион, прегледите што им се закажани преку „Мој термин“, ќе ги извршуваат во објектот на модуларната болница. Директорот на Клиничката болница - Штип, Владко Захариев, вели дека ординациите и центрите се спремни со потребните апарати, компјутери и од утре се ставаат во работа во овој објект.
- Сите амбуланти кои се од „Мој термин“ се префрлени овде во овој објект. Што добиваат граѓаните? Значи, овде имаме технички повеќе амбуланти отколку што имавме во старата зграда, што значи дека со тек на време ќе добијат повеќе термини на „Мој термин“ и специјалистите и супспецијалистите ќе бидат подостапни за самите пациенти - вели Захариев.
Во објектот на модуларната болница се сместени 17 специјалистички амбуланти и центри, како што се дијабетес, психолошка поддршка, за обезносност. Пациентите од Штип, кои примаат инсулинска терапија, од овој објект ќе ја подигнуваат терапијата. вдј/са/
Фото: МИА